Македонија

Пироманите во Македонија ќе се ловат со дронови – граѓаните да не фрлаат отпушоци и да не ги палат стрништата!

Пироманите во Македонија ќе се ловат со дронови – граѓаните да не фрлаат отпушоци и да не ги палат стрништата!

Дронови и термални камери ќе бидат во функција 24 часа, се со цел „ловење“ на можни подметнувачи на пожари.

Оваа информација ја истакна директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев при посетата на местото „Букоково“, на тромеѓата помеѓу селата Расино, Косел и Опејнца, каде гори борова шума.

Како што вели, ќе бидат ангажирани сите расположливи дронови.

„Внимавајте кога се движите по шумите, по нивите, полињата, да не се фрлаат отпушоци, да не се палат стрништа, сепак, општото здравје и човечките животи се нешто најскапоцено, а подметнувањето на пожари е криминал од највисок степен“, вели Јанев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни