Свет

Планинари заробени во свлечиште во Казахстан евакуирани со хеликоптер

Планинари заробени во свлечиште во Казахстан евакуирани со хеликоптер

Група планинари беше заробена во свлечиште на казахстанските планини во регионот Алмати, во кое беа повредени две лица, соопшти прес-службата на Министерството за вонредни ситуации на Казахстан.

„За време на планинската тура во областа на врвот Сатпаев, шест планинари не можеа да го продолжат своето движење поради повреди на нозете што ги здобија двајца членови на групата како резултат на паѓање камења“, се вели во соопштението, пренесува руски Интерфакс.

Иако немаше телефонска врска или домет, спасувачите успеаја да ја утврдат локацијата на групата, во која има пет руски државјани, на надморска височина од 4.300 метри и да ги евакуираат сите шест алпинисти со хеликоптер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни