Македонија

Пливач барал помош: Спасителна акција на Дојранско Езеро со среќен крај!

Пливач барал помош: Спасителна акција на Дојранско Езеро со среќен крај!

На 112 во ЦУК околу 16.30 часот е барано помош за лице коешто пливало во езерото заради лошото време со ветер, бранови и езерски струи кај месноста „Калдрма“ во Дојранско Езеро.

Лицето е пронајдено живо од страна на полициски службеници од ПС Дојран.

Конкретно од СВР Струмица известија дека лицето испливало до брегот во влизина на грчката граница. Истото од таму е земено од страна на припадниците од МВР и е надвор од животна опасност.

Инаку, полицајците од ПС Дојран со чамец на концесионерот на езерото беа излезени на теренот при силен ветер и бранови и вршеа пребарување на Дојранското Езерото на местото каде што било забележано лицето. ДЗС немаше чамец на Дојранско Езеро.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни