После повеќе од една деценија конечно ќе се прошири позитивната листа на лекови. Позитивната листа на лекови, односно медикаментите што граѓаните можат да ги земат од аптека на товар на Фондот, по повеќе од деценија, конечно ќе се ревидира.
Фармацевтските компании можат да почнат со подготовка на документацијата, согласно новиот Правилник во Министерството за здравство за ставање лекови на позитивната листа. Министерот Фатмир Меџити денес рече дека ова е голем ден за лекарите и за пациентите оти се отвора можност за нова поиновативна и поефективна терапија.
Тимот го сочинуваат претставници од претставници од министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за лекови, доктори специјалисти. Министерот вели дека не може да се одреди тајминг, работите ќе се одвивале спонтано по апликација на фармацевтските компании.
Претседателката на стручната Комисијата, Љубица Шутуркова вели дека Комисијата ќе работи според правилник, кој е усогласен со европските правилници кои се со години на сила. Нагласи дека ќе има бодување според одредени критериуми..Одговори дека ретките болести не се предмет на оваа комисијата.
Министерот Меџити не ги заборави и пациентите со цистична фиброза за кои кажа дека за нив ќе има најмодерен центар во регионот, во болницата во Козле каде возрасните и децата ќе бидат во различни оддели. Но прво треба да направат рентгенски снимки со кои ќе се утврди кој ќе го добие лекот Трикафта.