Македонија

По 16 години застаре и „Змиско око“, обвинетите ќе тужат и ќе бараат отштета

По 16 години застаре и „Змиско око“, обвинетите ќе тужат и ќе бараат отштета

Застаре преметот „Змиско око“ од 2007 година, во кој 46 вработени во „Македонија пат“ беа обвинети за злоупотреба на положбата и за злосторничко здружување, односно дека на патарините не им издавале фискални сметки на возачите, а парите ги ставале в џеб, па си ги делеле, и на тој начин заработиле неколку милиони евра.

Триесет и осум обвинети по повеќе од деценија и пол по судовите конечно го завршија судскиот процес и најавуваат дека ќе ја тужат државата и ќе бараат максимум отштета.

Апелацискиот суд досега три пати го враќаше предметот пред Кривичниот суд, а имаше и осудителни, условни и ослободителни пресуди.

Ова следува по последните измени на Кривичниот законик.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни