“По 17 години здраво е ДУИ да оди во опозиција, да видат што е опозиција – ние нема да коалицираме со нив”, рече Заев

Зоран Заев вечерва во ТВ21 рече дека СДСМ ќе ги добие изборите, и дека нема да коалицираат со ДУИ, односно дека оваа партија по 17 години ќе замине во опозиција, што според него е здраво да видат како е да се биде во опозиција.

„Ниту објавија кандидат за премиер, ниту објавуваат. Преку тоа се обидуваат да калкулираат со гласови, ние нема да коалицираме со нив. Затоа СДСМ ќе победи на изборите, тоа значи дека ДУИ заминува во опозиција. Тоа значи дека ДУИ после 17 години ќе оди во опозиција. И здраво е за ДУИ да оди во опозиција“, рече Заев.

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното