Македонија

По 62 дена водење битки, сега јунакот Никола им дојде само на гости: Слатка посета на Клиниката за Гинекологија и Акушерство

По 62 дена водење битки, сега јунакот Никола им дојде само на гости: Слатка посета на Клиниката за Гинекологија и Акушерство

ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје на својот Фејсбук профил објави фотографии од слатката посета која ја имале.

Имено, ги посетил големиот јунак Никола, кој пред 3 месеци и кажал чао на болницата.

„Малиот Никола со кој веќе се фалевме и кој пред 3 месеци ни кажа чао болницо, дојде да не посети…Си знае он кое другарче тогаш го оставил уште на поседок да ни е, па си дојде сега он на визита кај сите…што пациенти, што докторки, што сестри и други за него тетки да види:) Да потсетиме дека тогаш малиот, сега поголемиот Никола беше роден во 27 гестациска недела со само 900 грама. По 65 дена битки водење, јунакот сега други редови по дома на мама и тато им создава“, велат од Клиниката.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни