Груевски го прашува Мицкоски дали е вистинита изјавата за ФАЦ и со кој потег сакал да ја подели ВМРО-ДПМНЕ

По изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека има тајна комуникација со владата за поделба на ВМРО-ДПМНЕ, се јави и екс лидерот на партијата, Никола Груевски.

Тој прашува дали е точно дека тоа го кажал во изјава за германскиот медиум.

„Во врска со изјавата на Христијан Мицковски за германскиот медиум ФАЦ а поврзано со мене, го повикувам јавно да одговори на следните две прашања:
1. Дали е точно дека тоа го кажал во изјавата за германскиот медиум,
2. Доколку е точно, дали може лично тој јавно да каже со кој мој потег, изјава, натпис или било што јас сум се обидел да ја поделам партијата и да даде доказ дека јас сум прифатил валкана игра со власта која треба да ја спроведам со помош на мои приврзаници во партијата.

Се надевам дека одговорот ќе е јасен, недвосмислен, директен и личен исто како и изјавата, без префрлање на изјави на преставници на партијата, портпароли, давање брифинзи на портали или други медиуми со кои има блиска соработка“, пишува Груевски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното