27 годишна жена од село Кучица кај Штип почина откако била позитивна на Конго-кримска хеморагична треска, неколку дена претходно била касната од крлеж дознава 4NEWS.MK
Таа била касната од крлеж, а на 27-ми месецов била позитивна на кримска хеморагична треска, потврдена од Лабораторијата за вирусологија во ИЈЗ, по што била хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести.
Заразата брзо се проширила и пациентката починала истиот ден.
Тим од одделот за епидемиологија при Институтот за јавно здравје во соработка со епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Штип направил веднаш увид во село Кучица, Клиничката болница Штип како и во Итната медицинска помош во Штип.
Направена е и епидемиолошка анкета за пациентката од која се дознава дека била касната од крлеж кој бил изваден во домашни услови, па по појава на симптоми (неколку дена по каснувањето) најпрво била хоспитализирана во Штип, а потоа и во Скопје.
„Со оглед на тоа што болеста се пренесува и преку крв од заразено лице, направено беше пребарување на сите контакти во семејството и во Клиничката болница Штип по што биле класифицирани според ризиок (висок, среден и низок)“, велат од Институтот за јавно здравје.
Од контактите со висок ризик биле земени четири материјали за тестирање, а резултатите се негативни. Сите контакти од среден и висок ризик се ставени под здравствен надзор во наредните 14 дена.