Македонија

По Нова година ќе има субвенции за купување на нови велосипеди

По Нова година ќе има субвенции за купување на нови велосипеди

Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска преку видео истакна дека со цел решавање на сообраќајниот хаос, но исто така решавање и на дел со проблемот на загадувањето, имале многу корисна средба со Go Green (Биди Зелен).

Како што вели, на средбата договориле две работи коишто многу ќе помогнат на сите оние коишто користат велосипеди.

„Прво измена на Правилникот за урбанистичко планирање со којшто јасно ќе биде дефинирано на кој начин ќе се спроведуваат и ќе се градат велосипедски патеки за веќе инвеститорите да немаат изговор да не ги градат истите, сега ќе бидат обврзани да ги градат

Второ, веќе после Нова година почнуваме политика на Министерството за транспорт за СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ на дел од трошоците за купување на велосипеди 🚲 со цел што повеќе луѓе да користат велосипед.
Од една страна ќе работиме на инфраструктура за велосипеди, а од друга страна на овозможување на сите коишто сакаат да купат велосипед.

Се надевам ова ќе е еден чекор напред кон користење на велосипеди, имање на подобра велосипедска инфраструктура, секако побрза комуникација и поздрава животна средина“, вели Николоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни