Македонија

По расправија за сообраќај со нож повредил врсник – кривична пријава за 20-годишен тетовчанец

По расправија за сообраќај со нож повредил врсник – кривична пријава за 20-годишен тетовчанец

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.М. (20) од село Пирок, општина Боговиње, поради основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Според соопштението од МВР, на 1 ноември 2025 година, во Тетово, по претходно недоразбирање во сообраќајот, пријавениот со остар предмет му нанел убодна рана на А.К. (20) од Тетово.

Полицијата истакнува дека се работи за сериозен инцидент и дека случајот е предаден на надлежното обвинителство за понатамошна постапка.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни