Македонија

По реакциите на јавноста, прекинати работите на улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово – Општината бара извинување и разбирање од граѓаните

По реакциите на јавноста, прекинати работите на улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово – Општината бара извинување и разбирање од граѓаните

Општина Тетово денеска преку соопштение ги известува жителите, сопствениците на локали лоцирани на улицата „Страшо Пинџур“, како и сите граѓани од градот и селата кои минуваат низ овој патен правец, дека работите за санирање на улицата започнати вчера, од денеска ќе бидат прекинати  поради реакциите и создадените несогласувања од тетовските советници од листата „Подобро за Тетово“.

Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, беше присутен на почетокот на работите , каде пред граѓаните и новинарите истакна дека проектот за овој пат ќе биде изведен согласно сите стандарди.

Проектот вклучува нова водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација и за таа цел е многу јасно дека требаше да се направи комплетно чистење на теренот, што опфаќа и отстранување на старите дрвја и нивна замена со нови дрвореди согласно проектот.

Општината ќе чека појаснување од советниците од Листата „Подобро за Тетово“, за нивните реакции и каков е нивниот предлог да се продолжи со работа.

„Веќе е познато дека оваа улица е непроодна повеќе од една година, а најголеми загуби имаат стопанствениците на локали кои работат во овој дел од градот и граѓаните кои секојдневно се движат на оваа патна оска. Сите ја разбираме важноста на животната средина и поради оваа причина потенциравме дека ќе бидат засадени нови дрвја. Бараме извинување и разбирање од граѓаните за прекинот на работите, но гарантираме дека по решавањето на споровите, работите ќе продолжат според планираното“, велат од таму.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни