По синоќешната престрелка во Чаир, Висар Ганиу не е вмешан, велат од Општина Чаир

Од општина  Чаир негираат вмешаност на градоначалникот Висар Ганиу во синоќешната престрелка во Чаир, која заврши со повреда на економскиот директор на Клиниката за гинекологија, Ваљон Беља. Ваквите информации ги нарекоа шпекулации, додавајќи дека органите на редот ќе го докажат тоа. Според првичните информации Ваљон Беља освен што бил физички нападнат од неколку лица,  исто така два пати е повреден од огнено оружје во долниот дел од ногата. ТВ21 денеска го контактираше и Ганиу, но тој не сакаше да се произнесе на оваа тема. Кратко одговори дека случајот ќе го истражуваат органите на редот.

„Градоначалникот на Општината, Висар Ганиу нормално дека во текот на денешниот ден од 8 часот и 39 минути наутро се наоѓа на своето работно место вршејќи ги своите дневни професионални обврски предвидени според агендата. Не е истина тоа што го пишуваат порталите. Јас би ве замолил да се обратите до органите на јавниот ред, односно во МВР, од каде треба да излезат со извештај за случајот кој се случи во текот на вчерашниот ден“, вели Куштрим Ала – портпарол на Општина Чаир.

Се вчитува...

Извор: ТВ21