Македонија

По случајот во Србија и во Македонија пријави за врсничко насилство

По случајот во Србија и во Македонија пријави за врсничко насилство

Десетина пораки има на новата електронска адреса на Министерството за образование која е отворена со таа цел, граѓаните, родителите, младите да пријавуваат врсничко насилство и надлежните да пристапуваат по пријавите. Некои од пораките се однесувале и на проблеми со поранешни професори и сугестии како да се превенира и намали насилството меѓу децата и младите од училишна возраст.

„Секоја пријава ќе се истражи и ќе се преземат соодветни мерки“, велат од МОН.

Мејловите се prijavinasilstvo@mon.gov.mk и paraqitdhune@mon.gov.mk на албански јазик.

Министерството за образование и наука ќе и предложи на Владата итна проценка на состојбите и безбедносните ризици, со цел намалување на сите можни ризици и закани за безбедноста на учениците и наставниците.

Министерството веќе изработува протоколи и насоки за стручните служби на училиштата и наставниците, во однос на употребата на социјалните мрежи во училишна средина. Во билтенот на полицијата деновиве имаше регистрирани тепачка во тетовско меѓу ученици, но и инцидент во Скопје, каде дете повредило друго дете незадоволно од исходот на фудбалски натпревар.

Во соседна Србија пред четири дена се случи масакр каде момче уби 9 луѓе и рани уште 7. Ова го вклучи алармот дека мора да се преземе нешто за да не се случуваат вакви трагедии на други места.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни