Македонија

Почина 46-годишник: Со возилото излетал надвор од коловозот!

Почина 46-годишник: Со возилото излетал надвор од коловозот!

На 22.04.2025 во 17.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат од с.Горњане кон с.Блаце, скопско, товарно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(46) од с.Желино, тетовско, излетало надвор од коловозот.

Од здобиените повреди на местото на настанот починал Б.Ш., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни