Македонија

Почина 5 годишно девојче на Клиниката за неврологија во Скопје

Во текот на вчерашниот ден на Клиниката било примено девојче на возраст од 5 години од Скопје, кое претходните 3 дена се лекувало од вирусна пневмонија во Институтот за белодробни заболувања Козле.

Поради влошување на состојбата со појава на невролошки симптоми (пореметена свест, конвулзии) детето било префрлено на Клиника и првично примено на одделот за неврологија. Веднаш бил свикан конзилиум, земени биле лабораториски иследувања и поради тешката состојба со засегнување на мозокот и црниот дроб, било префрлено на одделот за интензивна нега и терапија. Од Министерството велат дека  Лабораториски било потврдено за пандемски грип – H3N1 Influenca A.

Дадена била терапија со тамифлу, антибиотска терапија, кислородна поддршка, хепатопротективна терапија, антиконвулзивна терапија, интравенски имуноглобулини, плазма и друга специфична терапија. Поради влошување на респираторните симптоми детето било интубирано, но и покрај сите преземени мерки починало во 23.30 часот после 13 часа престој на Клиниката.

Од Министерство велат дека детето претходно често се следело и лекувало во Институтот во Козле и на Клиника со дијагноза астма.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни