Македонија

Почина Борјанчо Мицевски, беше градоначалник на Крива Паланка

Почина Борјанчо Мицевски, беше градоначалник на Крива Паланка

Почина поранешниот градоначалник на општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски. Тој имаше 53 години и беше градоначалник од 2017 до 2021 година.

Како градоначалник на Крива Паланка, Борјанчо остави неизбришлив траг во развојот на Крива Паланка, посветувајќи се на унапредување и развивањето на Крива Паланка во вистински европски град.

„Со длабока тага ја примив веста за смртта на Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка и наш соборец и сопартиец. Борјанчо беше човек кој искрено и посветено работеше за доброто на својата општина и за сите граѓани, секогаш воден од вредностите на солидарноста, правдата и напредокот. Неговата визија за подобар живот во Крива Паланка остави траен белег врз заедницата и сите кои го познаваа. Неговата човечност, енергија и посветена работа ќе ги паметиме со огромна почит и благодарност. Во овие тешки моменти, нашите мисли се со неговото семејство, пријателите и соработниците. Нека почива во мир“, пишува лидерот на СДСМ Венко Филипче.

„Со длабока тага и неверување ја примив веста за смртта на нашиот другар и сопартиец Борјанчо Мицевски. Во овие тешки моменти, изразувам искрено сочувство до неговото семејство и сите блиски. Нека почива во мир“, напиша на Фејсбук пратеникот Оливер Спасовски.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни