Почина едното бебе повредено во сообраќајка кај Зрењанин – лекарите се борат за животот на другото!

Почина едното бебе кое беше тешко повредено во сообраќајка кај Зрењанин, додека лекарите се борат за животот на другото бебе.

Во меѓувреме, уапсен е 19-годишниот возач од Српска Црна.

Вчера на патот Зрењанин – Лазарево се случила сообраќајна незгода кога автомобил „фиат марела“ излетал од патот во нива.

Во автомобилот имало шест лица, меѓу кои и две бебиња на возраст од околу една година, кои во таа прилика се здобиле со тешка повреда.

Децата биле пренесени во Институтот во Нови Сад, каде едно починало.

Сега полицијата наведе дека Ј.К е уапсен, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело тешки дела против безбедноста на јавниот превоз.

На Ј.К му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство.