Македонија

Почина Февзи Арифи, возач во ЈСП кој имаше несреќа кај Мавровка!

Почина Февзи Арифи, возач во ЈСП кој имаше несреќа кај Мавровка!

Почина Февзи Арифи, возач во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), кој во јули годинава имаше несреќа со автобус, кога се качи во жардењера кај ТЦ „Мавровка“, јавува Скопје1.мк

Арифи остана запаметен како човек кој, по инцидентот, излезе во јавноста и изрази загриженост за безбедноста на автобусите, укажувајќи дека тие се неисправни и предизвикуваат ризици за патниците и возачите.

Колегите на Арифи го опишуваат како посветен и професионален возач, кој по несреќата бил под силен стрес. Некои од нив напоменаа дека тој многу лично ги доживеал обвинувањата дека е виновен за инцидентот, што му предизвикало психолошка траума.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни