Македонија

Почина Илија Жупаноски, владин советник за дигитални комуникации

Почина Илија Жупаноски, владин советник за дигитални комуникации

На 41-годишна возраст, вчера во Скопје почина владиниот советник за дигитални комуникации и општествен активист за демократија, Илија Жупаноски.

Жупаноски беше советник за дигитални комуникации на премиерите Зоран Заев, Оливер Спасовски и Димитар Ковачевски и имаше ангажман во демократизацијата на дигиталните комуникации на Владата од 2017 година наваму.

Роден е во Скопје во 1982. Завршил средно економско училиште и економски факултет во Скопје, а магистрирал информациски системи на универзитетот Лунд во Шведска.

Беше еден од младинските активисти кои учествуваа во програмата Економско образование за млади (Junior Achievement), a од крајот на 90-тите учествува во основањето, развојот и професионализацијата на македонската дебатна асоцијација и на Младинскиот образовен форум (МОФ). Беше извршен директор на МОФ од 2007 до 2010 година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни