Вчера во Скопје, на 82 години, почина Симон Беличанец, доајен на македонското спикерство чија професионална кариера е врзана за Македонската радио телевизија.
Тој е роден на 2 јуни 1942 година во Прилеп, каде го завршил основното образование, гимназија, но и нижото музичко училиште.
Потоа студирал на Технолошкиот факултет во Скопје, а за време на неговите студии се пријавил на аудиција во Радио Скопје и веднаш бил ангажиран како спикер.
Завршил и виша спикерска школа во Белград, во рамки на тогашната Југословенска радио-телевизија. Веднаш потоа почнува да ги чита вестите на МРТ. Тој бил водител на повеќе музички манифестации.
Погребот на Симон Беличанец ќе се оддржи утре на градските гробишта во Бутел.