Македонија

Почина Зоки Фаци

Почина Зоки Фаци

Утрово почина познатиот македонски новинар и водител Зоран Василевски, попознат како Зоки Фаци, по долга и храбра борба со ракот.

Зоки Фаци беше истакнат естраден новинар и водител, кој со својата харизма и професионалност остави неизбришлив белег во македонската медиумска сцена.

Во 2022 година му беше дијагностициран тумор, по што следуваа неколку операции и третмани. И покрај неговата неуморна борба, болеста продолжи да напредува. Во септември 2024 година, Зоки замина на лекување во Турција, но лекарите таму утврдија дека ракот метастазирал на коските.

Неговата посветеност кон професијата и позитивниот дух ќе останат запаметени од сите што го познаваа и следеа неговата работа. Изразуваме искрено сочувство до семејството, пријателите и колегите на Зоран Василевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни