Поврзи се

Музика и Филм

Почна снимањето на „Врба“, новиот филм на Манчевски

Published

on

Љубовен, за денешни и дамнешни души е шестиот долгометражен игран филм „Врба” на Милчо Манчевски чие снимање почна денеска во близина на прилепското село Крушевица.

Манчевски е автор и на сценариото, а по девет години, ова е прв филм што го работи во Македонија.

-Текстот продолжува по рекламата-

-„Врба“ раскажува три испреплетени приказни за љубов и доверба, едната од македонското средновековие, другите современи, но се огледуваат и се во контраст една со друга. Иако ги раздвојуваат векови, ликовите во „Врба” имаат слични грижи, радости и соништа. Не е важно која е темата или пораката на едно уметничко дело, важно е тоа да те допре, расплаче, насмее или налути, вели режисерот Манчевски.

Главните улоги им се доверини на младите актери: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев и на веќе искусната Камка Тоциновски. Покрај нив во филмот играат и Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова Периќ.

Снимањето на филмот ќе трае до првата половина од декември и ќе се снима на локации во живописните мариовски села Штавица, Дуње и Зович, на Трескавец, во Преспанскиот регион и на различни локации низ Скопје.

Во Крушевица за потребите на снимањето се изградени два филмски сета со автентични сценографски решенија во духот на времето, кое режисерот сака да го долови во филмот, а во Штавица ќе се користат веќе постоечки ресурси со дополнително преуредување.

Директор на фотографија е Унгарецот Тамаш Добош (Támas Dobos), дизајнер на продукција е долгогодишниот соработник на Манчевски, Британецот Дејвид Манс (David Munns), за костимите се задолжени Жаклина Крстевска и Ѓерѓи Сакач (Györgui Szakács) од Унгарија, асистент на режија е Никола Ивановиќ од Србија, а кастинг директорка е Милка Анчевска.  Продуцент е Јане Ќортошев, а извршен продуцент е Ник Пауел (Nik Powell) од Велика Британија, легендарниот коосновач на „Вирџин рекордс“ заедно со Ричард Брансон.

„Врба“ е во продукција на „Банана филм“ и е македонско – унгарско – белгиска копродукција, со учество и на Албанија.

Пред девет години Манчевски го сними неговиот последен македонски филм, наградуваниот „Мајки“. Во меѓувреме работеше во Њујорк на „Бикини Мун“, неговиот последен филм (кој во март годинава ја имаше македонската премиера, а овој месец и њујоршката), е американско-германска копродукција без учество на Македонија.

Манчевски е добитник на над 40 меѓународни награди и признанија, меѓу кои и почесен докторат од универзитетот ВГИК во Москва, Златен лав во Венеција, номинација за Оскар, Индепендент спирит, Давид ди Донатело, ФИПРЕСЦИ, УНЕСКО, Сребрен кондор, ЕМ-ТИ-ВИ и други. „Њујорк тајмс“ го вброи „Пред дождот“ меѓу најдобрите илјада филмови на сите времиња. Неговите филмови се предаваат на бројни универзитети на сите пет континенти, а влезени се и во наставната програма на средните училишта во Италија и Турција. Користени се и во наставата во Јужна Кореја. За неговите филмови се одржани две академски конференции, во Фиренца и во Лајпциг.

Loading...
Совет за етика во медиуми

4NEWS.mk

Антивладини протести во Бугарија 36-ти ден по ред

Македонија

Заев и Ахмети со нова средба, напредок има, викендов преговорите продолжуваат на ниво на партиски секретари

4NEWS.mk

Во Драч ограбен македонски државјанин – украдени 6.000 франци и автомобил

Македонија

Пендаровски: Ако никој не формира Влада, а Собранието не се самораспушти Спасовски ќе биде четири години технички премиер

4NEWS.mk

Црна Гора: Уништени 60,4 тони оружје и муниција

Македонија

Пендаровски: Не му барав на Заев, но доколку го врати мандатот, нема гаранции да му барам ниту на Мицкоски за обезбедено мнозинство

4NEWS.mk

Земјотрес регистриран во пехчевското епицентрално подрачје

4NEWS.mk

Во Дебар двајца новозразени,само овој месец 25 лица

Македонија

🔴 [ВО ЖИВО] Изјава на Стево Пендаровски по средбата со Мицкоски

4NEWS.mk

Мицкоски: Од денеска ги замрзнуваме односите со кабинетот на Пендаровски

Македонија

„СДСМ, ДУИ, Беса и ДПА, завршена работа“ – Лала: Ахмети ќе попушти за премиер Албанец

Македонија

Алтернатива бара ДУИ да оди во опозиција – ако сите албански партии влезат во власта, Беса ќе оди во опозиција?!

4NEWS.mk

СДСМ и ДУИ заглавија на премиерската позиција, ВМРО-ДПМНЕ работи на обезбедување мнозинство

Македонија

Членовите на избирачките одбори ќе добијат за сто проценти повисок надоместок, одлучи ДИК

4NEWS.mk

Рудар од Танзанија стана милијардер преку ноќ

Македонија

Учебната година ќе почне на 1-ви септември – Адеми: Владата сака учениците да се вратат во училиште

4NEWS.mk

Настава во училиште од 1-ви септември, со поддршка од родителите и наставниот кадар

4NEWS.mk

25 годишник во повеќе наврати силувал 13-годишно девојче

4NEWS.mk

Утре Комисијата за заразни болести и МОН ќе прецизираат за учебната година

Македонија

Османи за ТВ21 по состанокот Ахмети – Заев: Официјално се разговара за заедничка коалиција

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

Музика и Филм

НОВО ВИДЕО: Момците од Театро бенд пеат „За тебе“