Македонија

Почнува предвремена исплата на мајската пензија

Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мајските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 30.05.2022 година.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ќе ги реализираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2022 година (понеделник); За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2022 година (вторник); За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.06.2022 година (среда); и
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.06.2022 година (четврток ).

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје 15.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни