Македонија

Почнува редовната авиолинија Охрид – Виена: врска со уште една европска престолнина

Почнува редовната авиолинија Охрид – Виена: врска со уште една европска престолнина

На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ денеска се реализира првиот лет од Виена до Охрид на авиокомпанијата „Аустријан ерлајнс“, со што започна редовната линија меѓу двата града.

Со воспоставувањето на оваа рута, меѓународниот аеродром во Охрид добива директна врска со уште една европска престолнина, што ја зајакнува поврзаноста на државата со централна Европа и им олеснува патувањата на жителите и туристите.

Линијата е дел од напорите за унапредување на воздушната поврзаност и се очекува да придонесе за зголемување на бројот на патници во текот на туристичката сезона, како и за развој на локалната економија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни