Македонија

Почувствуван земјотрес во јужните делови на земјава

Земјотрес со интензитет од три  степени според Европската макросеизмичка скала е почуствуван изутринава во 06 часот и 48 минути во јужните делови на територијата на Северна Македонија.

Епицентарот бил на 138 километри јужно од Скопје во соседна Грција, со локална Рихтерова магнитуда од 3,1 степен, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни