Македонија

Поднесено обвинение против градоначалник на Струга за несовесно работење

Поднесено обвинение против градоначалник на Струга за несовесно работење
Ramiz Merko

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, како службено лице – градоначалник на општината Струга,на 31.01.2022 година, свесно ги повредил законските прописи за совесно постапување при именувањето на вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Лабуништа. Притоа, донел решение и за вршител на должноста именувал лице кое не било од редот на вработените, како што е предвидено во членот 118 од Законот за основно образование, и немала соодветно работно искуство во воспитно-образовна работа предвидено во членот 109 од Законот.

Така обвинетиот овозможил лицето да биде именувано на функцијата и да и се исплаќа плата како в.д. директор 19 месеци, со што на училиштето му била нанесена штета во вкупен износ на неосновано исплатените плати и придонеси.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни