Македонија

Поднесено обвинение за градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за луксузното Ауди

Поднесено обвинение за градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за луксузното Ауди
Ramiz Merko

Основното јавно обвинителство поднесе обвинение за градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за набавка на луксузното Ауди А6. Ова на брифинг со новинарите го соопштија од јавното обвинителство.

Градоначалникот од неодамна е и на црната листа на САД.

Пред четири години обвинителството започна истрага за набавка на четири службени возила, меѓу кои и Ауди А6.

Вкупната вредност на набавените возила изнесувала 114 илјади евра, а само аудито 66 илјади евра.

Набавката на овие возила беше во 2018 година, кога општината имаше неподмирен долг од близу 4 милиони евра.

Предметот е поднесен од страна на Антикорупциска комисија која бараше кривична одговорност од струшкиот градоначалник поради злоупотреба на службената положба.

Обвинителството го гони градоначалникот по член 253 став 4 од Кривичниот законик.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни