Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан заедно со српскиот патријарх Порфирије денеска и утре ќе ја посетат Нишката епархија.
Официјалниот прием на патријархот Порфири и архиепископот Стефан во Ниш е закажан денеска во 16 часот и 30 минути во катедралата Слегување на Светиот Дух врз апостолите, соопшти СПЦ.
По тој повод во Нишката катедрала ќе се служи свечен чин на доксологија.
Утре, на вториот ден од посетата, на празникот Посредување на Пресвета Богородица, патријархот Порфирија и архиепископот Стефан ќе служат Света Литургија во Богородичниот манастир во Ѓунис од 9:00 часот.