Појадокот направен од природни и домашни состојки е вистинскиот избор за почеток на денот
Состојки:
– 3 рендани компири
– 3 јајца
– 2 големи китки свеж магдонос
– половина лажичка бибер
– 1 лажичка лута пиперка
– 2 лажици брашно
– 1 лажичка сол
– 200 грама тврдо сирење или моцарела
– масло
Подготовка: Изрендајте ги компирите и потопете ги во вода. За тоа време исецкајте го магдоносот и посолете, додајте јајца, додајте бибер и лута пиперка и сè измешајте. Компирите процедете ги, додадете брашно и измешајте. Во компирите додадете јајца со магдонос и сè измешајте.
Во длабока и густа тава ставете масло и добро загрејте го. Додадете половина од смесата и пропржете, па одозгора додајте го сирењето и прелијте го остатокот од смесата. Свртете сè и пржете уште малку додека не се испржи.
Послужете топло!
