Македонија

Полицајците побогати и од многу бизнисмени, Спасовски ќе проверува од каде им се парите

Во она што досега го увидовме има голем дел од полициските службеници, командири и началници кои се побогати и од многу бизнисмени, ова го рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на прашањето на  пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска за тоа до каде е со прочистувањето во полицијата. Тој рече дека во наредниот период се планира да се донесе посебен закон за таканаречен ветинг и формирање комисии кои ќе работат на проверка на професионалното досие, имотната состојба и интегритет на полицајците.

„Кои се вашите заложби како прв човек во Министерството за внатрешни работи за отпочнување на концептот за ветинг системот, врз кои принципи ќе се базира со кои земји од регионот или светот ќе ги поделите искуствата и на крајот кои се вашите очекувања како прв човек на министерството за спроведување на системот ветинг“, вели Лидија Тасевска – пратеничка на СДСМ.

„Ќе се разгледува имотната состојба на сите вработени. Од моментот на вработувањето па до денеска. Затоа што колку имале имот и колку имаат во овој момент. Затоа што постојат сериозни индиции, кај некои е очигледно дека од полицајци , командири и началници имаат зголемен имот повеќекратно што го немаат ниту бизнисмени кои по 20 години имаат бизниси во Република Македонија. И тука го гледам интересот зошто е атрактивно да бидете дел од македонската полиција“, вели Оливер Спасовски – Министер за внатрешни работи.

И покрај тоа што овој ветинг процес, кој Спасовски го најави во октомври минатата година, само еден месец потоа се случи бегството на екс-премиерот Никола Груевски, за кое постојат индиции дека е помогнато од одредени структури во МВР, потоа нема исход од истрагата со престрелката на Рузвелтова, ниту за пукањето во Чаир кога беше повреден Валон Беља функционер на ДУИ. Спасовски тврди дека при проверката во МВР наишле на голем број полициски службеници кои имале фалсификувани дипломи и со криминални дела.

„Најголемиот дел од тие фалсификувани дипломи беа на лица кои заземаа високи позиции во хиерархијата на Министерството за внатрешни работи.  Бројот на сторителите на кривични дела кои што се во рамките на македонската полиција кои што и до ден денеска ги детектираме, дел од нив имаат завршени процеси и постапки, отказни решенија и така натаму дел од нив се процесуираат и натаму“, додава Спасовски.

Тој рече дека претходно ваков ветинг процес се води и во Албанија. Таму покрај во полицијата се спроведува и кај судиите и јавните обвинители. Во самиот старт кога требало да се направи проверката 500 полицајци сами си поднеле отказ откако било побарано од сите полицајци да ги пополнат формуларите за нивната материјална положба пред вработување и нивната моментална состојба.

РЕПОРТЕРКА: СВЕТЛАНА УНКОВСКА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни