Македонија

Полицијата близу Струмица фати три лица како си обработуваат засадени стебла марихуана

Полицијата близу Струмица фати три лица како си обработуваат засадени стебла марихуана

На 21.06.2023 во 19.30 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода А.А.(36), Н.А.(35) и Е.А.(24), сите од Струмица.

Тие биле затекнати во близина на Струмица како обработуваат засадени стебла марихуана.

На местото биле пронајдени 29 стебла кои биле одземени. Исто така, при преглед на Н.А. била пронајдена и марихуана.

Лицата биле задржани во Полициска станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни