Македонија

Полицијата го фати на дело при кражба, уапсен 55 годишен маж од село Младо Нагоричане

Полицијата го фати на дело при кражба, уапсен 55 годишен маж од село Младо Нагоричане

На 17.05.2023 во 20.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.Б.(55) од село Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане.

Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од поранешен угостителски објект во населба Карпош во Куманово.

Исто така, тој се сомничи дека изминатиов месец извршил три кражби при што одзел предмети и пари. З.Б. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни