Македонија

Полицијата го казни возачот кој со возило се движеше по Камени мост

Полицијата го казни возачот кој со возило се движеше по Камени мост

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на вчерашниот ден (25.04) е санкциониран И.А. (68) од с. Чегране, Гостивар, кој со патничко возило се движел по Камениот мост во Скопје.

Изречени му се мерки поради движење спротивно на сообраќаен знак, паркирање во пешачка зона и истечена важност на сообраќајна дозвола.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни