Македонија

Полицијата и УЈП извршија контрола кај правно лице во село Јанчиште

Полицијата и УЈП извршија контрола кај правно лице во село Јанчиште

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице и Д.С.(33) од село Јанчиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „приредување на игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган“ и „комар“.

На 15.12.2022, полициски службеници во содејство со претставници од УЈП извршиле акциска контрола во правното лице, при што од сопственикот Д.С. и од еден вработен биле одземени мобилни телефони и список од 370 клиенти со различни кориснички имиња, кои Д.С. преку веб страница ги креирал и овозможувал игри на среќа без да поседува лиценца, додека процент од добиените средства биле префрлани на негово име.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни