Македонија

Полицијата ќе вежба пукање во Тетово и Гостивар, граѓаните да не се вознемируваат

Полицијата ќе вежба пукање во Тетово и Гостивар, граѓаните да не се вознемируваат

СВР Тетово ги информира жителите на Полошкиот регион дека деновиве ќе се извршуваат вежби на полицајците на отворено за користење на огнено оружје. Предвидени се вежби на подрачјето и на Тетово и на Гостивар.

Секторот за внатрешни работи Тетово на 7, 8 и 9 јуни во стрелачкиот центар „Еребино“ ќе врши боево гаѓање, што секоја година се врши со припадници на тетовската полиција, информираше денес СВР Тетово.

Според информацијата на СВР Тетово исто така, на 7 јуни во место викано „Мавровска брана“ во Маврово, на 8 јуни во ростушкото село Аџиевци и на 12 и 13 јуни во импровизираното стрелиште на местото викано „Рудина“ во село Волковија ќе се врши боево гаѓање и од страна на припадниците на гостиварската полиција.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни