Припадници на полицијата утрово вршат претреси во Казнено поправната установа Идризово во Скопје.
Како што јавува 24инфо.мк, специјалци вршат претреси низ повеќе крила од затворот со цел да се пронајдат и одземат недозволени предмети.
Претресот се случува по добиени информации дека е можен судир помеѓу две криминални групи кои издржуваат затворски казни во затворот.