Македонија

Полициски хеликоптер исфрли над 38 тони вода врз пожарот на планината Серта

Полициски хеликоптер исфрли над 38 тони вода врз пожарот на планината Серта
Денеска (14.07.2024), полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици продолжи да дејствува врз пожар што е се уште  активен на планината Серта. Хеликоптерот во 25 налети исфрли над 38 тони вода. Во раните утрински часови се дејствуваше на кракот од пожарот што се наближуваше кон селото Калањево и откако истиот беше ставен под контрола се продолжи да се дејствува на преостанатите краци од пожарот.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни