Македонија

Полициски хеликоптер исфрли над 45 тони вода во гаснењето на пожар на планината Оргажден

Полициски хеликоптер исфрли над 45 тони вода во гаснењето на пожар на планината Оргажден

Денеска (12.07.2024), полициски хеликоптер учествуваше во гаснењето на пожар на планината Огражден, на територијата на општина Ново Село.

Поради тешко пристапниот терен полицискиот хеликоптер префрли 10 струмички пожарникари во близина на пожарот за да можат да почнат со гаснење од земја, а хеликоптерот продолжи да дејствува од воздух.

За време на дејствувањето,  хеликоптерот во 30 налети исфрли 45 тони вода и заедно со пожарникарите кои беа на терен се дејствуваше да се спречи еден од краците на пожарот да навллезе во дабова и букова шума.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни