Македонија

Полициските хеликоптери исфрлија над 13 тони вода, локализиран пожарот во општина Сопиште

Полициските хеликоптери исфрлија над 13 тони вода, локализиран пожарот во општина Сопиште

Денеска (04.10.2023) Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар меѓу селата Долно Соње и Добри Дол во општина Сопиште, ги упати двата хеликоптера Бел-412 и Бел-212 во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица.

Во пожарот кој беше пријавен околу 13.50 часот, а настана на м.в Блатоица, беше опожарена нискостеблеста и високостеблеста шума на површина од околу 20 хектари, веќе е локализиран, а двата полициски хеликоптери при гаснењето исфрлија над 13 тони вода и помогнаа во неговото локализирање.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни