Помилуваниот Акиф Равмановски повторно се најде во притвор, откако судот го прифати барањето на обвинителството.
Равманоски се сомничи дека е лицето кое пукало во ногата на 35-годишникот Е.А. пред неколку дена во скопската населба Чаир, но неофицијалните информации на 4news.mk велат дека тој посочил друго лице кое пукало.
Оваа одлука доаѓа по неодамнешните настани кои предизвикаа зголемено внимание на јавноста.
Кој е Акиф Равмановски?
Јусуф Аќифи e познат како водач на криминалната група „Барон“, и истиот се најде на списокот на помилувани лица од претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.
Според одлуката за помилување, казната на Аќифи е заменета со условна осуда од три години.
Инаку, тој е сопственик на кафулето „Барон“, кое беше запалено во февруари.
Групата „Барон“ името го има добиено по кафулето во Чаир, а во неа членуваат борци кои се вратиле од боиштата во Сирија, обучени за борба и со цел да земат дел од криминалниот пазар.
Групата „Барон“ стана позната по двојното убиство во „Шиша бар“, кога беа убиени Јетон Кривањева-Жила и Енес Исеинов-Љаци, членови на групата „Дуќанџик“. По овој настан, следуваа апсења на припадници на „Барон“, но и убиства на некои од нејзините членови.