Македонија

Помор на риби во Тополка – пријавена загадена вода со пенеста материја

Помор на риби во Тополка – пријавена загадена вода со пенеста материја

На 19.06.2025 во 13.00 часот во СВР Велес, од Здружение на спортски риболовци „Бабуна“, кое е концесионер на рибниот фонд на река Тополка, пријавено е дека бил констатиран помор на разни видови на риби во реката забележана е и пенлива материја на површината на водата.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршиле увидна екипа од СВР Велес, Агенција за храна и вода, Институт за храна и ветеринарство и инспектор за животна средина.

По насоки на јавен обвинител, примероци на риби и вода се предадени на Институт за храна и ветеринарство.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни