Македонија

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и услови за град

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и услови за град

Променливо облачно со повремен локален дожд. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Наместа во источните делови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24 степени.

Утре ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно, во вторник и среда со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни