Попладнево најтопло во Скопје, измерени 27 степени!
Следуваат 26 степени во Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Велес, Кавадарци, 25 во Битола, Виница, Демир Капија, Струмица, 24 Прилеп, Гевгелија, 23 Охрид, Крива Паланка, 22 Берово, Претор.
Нешто постудено е на Попова Шапка каде се измерени 13 степени, 18 степени има во Крушево и Лазарополе, а 19 степени има во Маврови Анови.
Сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб ветер од променлив правец.
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
