Познатата пејачка Селин Дион боледува од невролошко пореметување синдром на вкочанета личност.
Таа сега откри дека страдала од грчеви во мускулите толку силни што и биле скршени ребрата.
Говорејќи во своето прво телевизиско интервју по нејзината дијагноза, со репортерот на NBC News Хода Котб, Дион рече:
„Во еден момент имав скршени ребра бидејќи понекогаш ми е многу тешко…
Котб ја прашал: „Дали грчевите можат да бидат толку лоши што би можеле да скршат ребро?“, на што пејачката кимна со главата во знак на согласност.
Селин исто така рече дека кога ќе доживее мускулен спазам во грлото, се чувствува „како некој да те дави, како некој да ти го турка во грлото“.
„Но, тоа може да биде и во стомакот, во ‘рбетот, во ребрата“, додаде таа, опишувајќи ги грчевите во нејзините раце: „Тие грчат и не можете да ги поместите“.
Во 2022 година на пејачката и бил дијагностициран редок и неизлечив синдром, па морала да ги прекине настапите во живо.
Таа претходно рече дека тоа „предизвикува потешкотии кога оди и не и дозволува да ги користи гласните жици и да пее како што е навикната“.