Македонија

ПОРАДИ КРАЖБА: Локомотова не е повеќе во возна состојба

Од Железници соопштија дека во Одделот за одржување на влечните средства, денеска била утврдена кражба на кабел од влечен мотор од локомотива.

„ Во кругот на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, во Одделот за одржување на влечните средства, утврдена е извршена кражба на кабел од влечен мотор од локомотива серија бр. 642 и делови и кабли од манипулатор. Поради кражбата на деловите и дополнителните оштетувања, оваа локомотова не е повеќе во возна состојба, со што е направена енормна штета на компанијата, имајќи ги предвид малиот број на возни средства со кои располага истата.

Оттаму додаваат дека кражбата е пријавена до МВР и утврдена е фактичката состојба од страна на Одделот на криминалистичка техника, со што е започната истражна постапка.

„ Бидејќи кражбата е извршена во кругот на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, стојат претпоставките дека оваа кражба не претставува ништо друго, туку саботажа на работењето на компанијата“ посочуваат од Железници.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни