За да не ја види Столтенберг демолирана собраниската сала, седницата утре ќе се одржи под купола

Претседателот на Собранието, Талат Џафери попладнево информираше дека поради предизвиканите штети продолжението, како и останатите седници, ќе се преместат во салата Купола.

„Во текот на денешниот ден е направена материјална штета и е онеспособен системот за работа, седницата на Собранието понатаму до отстранување на штетите и оправка на оштетениот дел ќе се одвива во салата Купола“, порача Џафери.

Инаку, вистинска драма попладнево се случи во македонското Собраие. Пратеникот Борислав Крмов од редовите на Левица скрши екран на местото каде што седи претседавачот на седницата, во случајов Горан Мисовски.

Неговите поплаки беа, бидејќи амандманите на Левица не биле заведени од страна на собраниските служби.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното