Македонија

Поради опасност и нови врнежи, патот Росоман-Плетвар најверојатно цел ден ќе биде затворен! (ВИДЕО)

Поради опасност и нови врнежи, патот Росоман-Плетвар најверојатно цел ден ќе биде затворен! (ВИДЕО)

Поради свлечиште, надојдена вода и поплавен пат, од утрово од 7 часот Росоман-Плетвар е затворен за секаков вид на сообраќај.

4NEWS.mk утрово објави драматични снимки од терен, на кои се гледа како возила се заглавени, поплавен е тунелот кај Фариш, а има и свлечиште на самиот пат.

Алармантно кај Плетвар, вода носи се пред себе, заглавени автомобили и свлечиште (ВИДЕО)

Според наши извори, поради најавите за нови врнежи во текот на денот и поради опасноста од свлечишта патниот правец ќе биде превентивно затворен во текот на целиот ден.

На лице место е пристуна полицијата која го регулира сообраќајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни