Македонија

Поради ова Обвинителството сè уште верува дека таткото на Вања помагал во грабнувањето на детето

Поради ова Обвинителството сè уште верува дека таткото на Вања помагал во грабнувањето на детето

Во Кривичниот суд обвинителката Ана Стоилковиќ Димитровска продолжи со своите завршни зборови. Таа се задржа и на таткото Александар Ѓорчевски.

„Да нема заблуди, да не била Вања сама тоа утро немаше да се реализира грабнувањето и убиството“, рече обвинителката.

Таа додаде дека е јасно дека таткото не е извршител на убиството, но соработувал за да се грабне детето со цел да се добијат пари.

„Никогаш претходно не испратил порака на Вања како да се облекува за следното утро. А од доказите видовме дека дека тој и наведува да се облече топло“, додаде обвинителката.

„Свесни сме дека ниту една казна не е поголема од загубата на сопствено дете, но барале судот да го казни“, рече обвинителката во завршните зборови за таткото Александар Ѓорчевски.

Обвинителката во завршните зборови акцент стави и на изјавата дадена од обвинетите дадени во Обвинителството на 3-ти декември 2023 година каде велат дека ја распрашувале Вања, која е, како се вика, како се викаат нејзините родители, на што Вања одговорила: Што и да барате барајте од мама, таа ќе даде се за мене.

„Само на самиот Ѓорчевски мотивот за ова му е познат“, заклучи обвинителката.

Судскиот процес е во завршница, односно по завршување на завршните зборови ќе трба да се закаже рочиште за објавување пресуда.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни