Македонија

Порано мислев дека ова Биро ги следи метеоролошките промени, вели новиот директор на Бирото за метрологија

Порано мислев дека ова Биро ги следи метеоролошките промени, вели новиот директор на Бирото за метрологија

Новиот директор на Бирото за метрологија, Авдуљ-Селам Селами денеска се обрати по повод Светскиот ден на метрологијата и истакна дека пред да стапи на функцијава, си мислел дека ова Биро ги следело метеоролошките промени, односно дека ова е наука за времето.

„Метрологијата е наука за мерењата, метрологијата нема врска со временска прогноза во која што и јас, очигледно да ви кажам, до пред некое време грешев, мислев дека е наука за времето“, рече Селами пред присутните.

Инаку, Селами по професија е дипломиран правик, а претходно беше заменик-директор на Управата за јавни приходи.

Бирото за метрологија е институција под надлежност на Министерството за економија за работа со мерни инструменти за контрола на квалитет.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни